• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Македонецот годишно јаде под килограм сладолед, во ЕУ шест

Македонецот годишно јаде под килограм сладолед, во ЕУ шест

Скопје, 15 август 2018 (МИА) - Еден македонски граѓанин годишно консумира околу 0,85 килограми сладолед. Статистиката покажува дека во минатата година едно домаќинство во Македонија просечно купувало и трошело по 3,4 килограми сладолед.

Податоците на Еуростат, пак, покажуваат дека жителите во ЕУ консумираат шест литри годишно.

Во Македонија годишното прозводстви на сладолед изнесува 23.088 хектолитри.

Најголем производител во Европа е Германија со годишно производство од 517 милиони литри. На второ место е Италија со 511 милиони литри, трета е Франција со 466 милиони литри, Шпанија е четврта со 319 милиони литри, а Велика Британија со 288 литри е на петто место.скс/са/11:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...