Бектеши: Ако Русија става блокади ќе најдеме други пазари

Бектеши: Ако Русија става блокади ќе најдеме други пазари

Скопје, 16 август 2018 (МИА) – Не навлегувам во тоа дали руската блокада за праските е политичка одлука или не, но ако Русија продолжи со ваквите мерки, Македонија ќе бара други пазари како што се Европската унија со која најмногу соработуваме и државите од регионот, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за Програмата за конкурентnост, Бектеши напомена дека секоја држава има право да донесува свои одлуки.

-Македонија е насочена кон НАТО и ЕУ, а ако Русија става блокади, ќе бараме нови пазари. Имајќи предвид дека најмногу соработуваме со ЕУ која е и нашиот најголем трговски партнер, како и со нашите соседи, ќе најдеме други пазари, истакна Бектеши. мч/са/11:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ