• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Доделени плакети на најдобрите рудари во Македонија

Доделени плакети на најдобрите рудари во Македонија

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска им врачи плакети на 12 најдобри рудари, номинирани од нивните работодавачи, и благодарници на шест здруженија и институции за посебен придонес во рударството во Република Македонија.

Оваа манифестацијата ја организира Минстерството за економија по 11-ти пат по повод Денот на рударите-28 август. 

Бектеши нагласи дека Македонија има големо и непроценливо богатство од минерални суровини и затоа, како што рече, особено значајно ни е оваа гранка да се развива и да обезбеди економски раст за државата. Додаде дека во овој сектор, како и придружните што го опслужуваат има над 10 илјади вработени.  

- Гледано по сектори, рударството и вадењето на камен учествува со 8,31 отсто во вкупното индустриско производство во државата. Затоа овој сектор е еден од водечките сектори од индустриското производство и е од големо значење за македонската економија, рече Бектеши. најдобри рудари 2018

Министерот за економија подвлече дека Владата ќе стори се што е во нејзина моќ да обезбеди рационално и одржливо експлоатирање на рудните богатства од инвеститорите во рудниците, а истовремено да се обрне максимално внимание на зачувувањето на животната средина и социјалната благосостојба на околното население. Најави дека Владата ќе ги продолжи планираните активности во секторот минерални суровини и ќе се залага за подобрен Закон за минерални суровини.  

Претседателот на Македонската асоцијација за рударство Николајчо Николов изрази сочувство до семејствата на загинатите рудари и нивните колективи во Крива Паланка и во Скопје кои се случија непосредно пред Денот на рударите. Тоа, како што рече, претставува уште една опомена дека многу треба да внимаваме на рударите и на рударските семејства. 

Николов смета дека Закон за минерални суровини е еден од најчесто менуваните закони во Македонија.

- Тој има место за надополнување, но не по скратена постапка туку со длабоки анализи на сите стручњаци од овој сектор, рече Николов. Додаде дека донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието се селективни и неприменливи. мд/са/12:12

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...