Извозот за седум месеци забележал раст од 25,7 проценти

Извозот за седум месеци забележал раст од 25,7 проценти

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Вкупната размена со странство за периодот јануари - јули годинава изнесува 9.102.394.000 американски долари при што бележи пораст од 24,3 проценти. Вредноста на увозот, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, изнесува 5.195.729.000 американски долари и има раст од 23,3 проценти, а вредноста на извозот е 3.906.666.000 американски долари и бележи раст од 25,7 проценти.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 1.289.063.000 американски долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 75,3 проценти.

Според објавените податоци Македонија најмногу извезувала катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од
битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари –јули 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.скс/сд/12:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...