• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Четирите спорни компании се изземени од потпишувањето на договори со ФИТР

Четирите спорни компании се изземени од потпишувањето на договори со ФИТР

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Четирите компании кои се изјаснија дека во сопственичката структура имаат носител на јавна функција или член на потесното семејство, се изземени од сегашниот процес на потпишување на договорите, објави денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

Тој посочи дека побарал од Комитетот за одобрување на инвестиции повторно овие проекти да се евалуираат.

За 73 други компании кои се изјасниле дека немаат носители на јавни функции или нивни членови во сопственичката структура, постапката на потпишување на договорите е при крај. 

- Очекувам дека тие инвестициски проекти веќе во наредните неколку недели ќе почнат со практична реализација, рече Деспотовски, одговарајќи на новинарско прашање во Владата по потпишувањето на договорите за финансиска поддршка за отворање бизнис- акцелератори за млади.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ги отфрли како шпекулации информациите пласирани во јавноста дека некои компании однапред ќе добијат грантови. 

- Пари се уште никој не добил бидејќи парите се добиваат откако фирмите ќе ги покажат своите капцитети и ќе ги инвестираат своите средства. Значи, она што беше како информација претходно пласирана во јавноста дека некои однапред ќе добијат некакви грантови е комплентна шпекулација и ја демантирам, изјави Анѓушев. бак/скс/13:30

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...