• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во јули издадени 276 одобренија за градење

Во јули издадени 276 одобренија за градење

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Во јули годинава во Македонија се издадени 276 одобренија за градење, или за 34,6 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, со кои е предвидена изградба на 648 стана со вкупна корисна површина од 53.243 квадратни метри во вредност од 4,671 милијарди денари, што е за 200,4 отсто повеќе во однос на ланскиот јули.

Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 146 (52,9 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 39 (14,1 отсто) за објекти од нискоградба и 91 (33 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 276 објекти, на 161, или 58,3 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 115, односно 41,7 отсто инвеститори се деловни субјекти. вј/скс/09:07

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ