• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Совети за безбедно возење во зимски услови

Совети за безбедно возење во зимски услови

Скопје, 5 јануари 2017 (МИА) - Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со совети до возачите за возење во зимски услови на ниска температура. Во такви услови РСБСП советува да се вози со зимски гуми на сите четири тркала (длабочина на шарата од 4мм), како и ланци кои се местат по потреба. Со тоа возачите не само што ќе ја исполнат законската обврска, туку и ќе ја зголемат безбедноста.

Возачите со себе секогаш треба да имаат мала лопата, малку песок, стара крпа за бришење, метличка за чистење на снегот од стаклата, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.

Од РСБСП советуваат од дома да се излезе десетина минути порано за да има време да се загрее автомобилот, да се одмрзнат стаклата или да се исчистат гумите од снег и мраз. Прегледноста на возачот во автомобил со замрзнати или замаглени стакла е неколку пати намалена, „мртвите агли“ се зголемуваат и се добива впечаток дека возите тенк, а не автомобил.

За полесно и побрзо да се одмрзнете прозорците и ветробранското стакло од РСБСП советуваат да се вклучат сите потрошувачи на струја: светла, светла за магла, запалка, греачот на задното стакло, стиснете на кочница и климата. На овој начин стаклата ќе се одмрзнат за 3-4 минути, место за 10 колку што обично би ви биле потребни. Кога ќе се одмрзнат стаклата, возачите едно по едно да ја исклучат климата и останатите потрошувачи на струја кои не им се потребни.

Од РСБСП препорачуваат да се почитува брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта и градинки. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50 отсто подолг отколку во нормални услови. Да се држи поголемо растојание со возилото пред вас. Да не се менува нагло правецот на движење. Поспоро да се забрзува, да се намалува брзината со нежно отпуштање на гаста, притискање на кумплунгот и постепено кочење. При влегување во кривина постепено да се одзема брзината и да се кочи полека.Ладно сообраќај.jpg

Доколку возите во длабок снег, држете го воланот право за предните и задните гуми да имаат ист правец на движење. Ако сте заглавиле во снег и со гумите вртите во место, ставете патосници под гумите, песок или стари крпи - така најлесно ќе излезете од снегот. На угорница и на удолница да се вози со помала брзина од онаа со која би возеле во нормални услови.

РСБСП советува во зима секогаш резервоар да биде полн со гориво, без разлика дали сте заглавени во градскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот, посочуваат, ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете во вашиот дом.

зимска опрема

РСБСП: Казна од 45 евра ако возите без зимска опрема

Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, на секој возач што постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода, потсетуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Полициски службеник, според законските одредби, ќе му нареди на возачот да го прекине натамошното движење на возилото ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.

Исто така, полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави зимската опрема на возилото.

Обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата почна да важи од 15 ноември 2016 година, а ќе трае до 15 март 2017 година. дма/са/11:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...

Парче килибар тешко 1,8 килограми пронајдено во Калининград

Парче килибар тешко 1,8 килограми е пронајдено во ...