Две возила излетале на патот Маврови Анови-Дебар

Две возила излетале на патот Маврови Анови-Дебар

Тетово, 18 јануари 2017 (МИА) - Едно возило завршило во водите на реката Радика, откако претходно излетало од коловозот кај месноста „сенечки ливади“ на патот Маврови Анови-Дебар, а друго се првртело на покрив при што четири лица се полесно повредени.

Според информациите на СВР Тетово, утрово околу 7 часот, екипи на „Македонија пат“ кои работеле на расчистување на снегот по регионалниот пат Маврово Анови – Дебар, забележале „опел-корса“ во речното корито, но немало возач ниту патници, ниту во близина, ниту во возилото. Откако бил извршен увид, утврдено е дека возилото има скопски регистерски таблички, но не е познато кој го возел и како се нашло во Радика.

На истиот пат, околу 11 часот, во близина на Врбјански мост, „фолксваген голф“ со косовски таблички во кој покрај возачот имало и тројца патници излетало од коловозот, при што се превтело на покривот. Набрзо по незгодата, четворицата косовски државјани биле згрижени во гостиварската општа болница. Материјалната штета се проценува на околу 300.000 денари. згм/аа/15:48

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ