• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Намалена видливост на некои патни правци, аеродромот во Скопје отворен за сообраќај

Намалена видливост на некои патни правци, аеродромот во Скопје отворен за сообраќај

Скопје, 6 февруари 2017 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на патните правци Скопје – Миладиновци, Скопје – Катланово во двата правца и на обиколницата околу Скопје.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е се уште затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, информира Автомотосојузот на Македонија.

На останатите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата - информација која се однесува за македонската страна на премините.

На Аеродромот „Александар Велики“-Скопје, на кој авиосообраќајот вчера беше во прекин поради маглата, утрово со исклучок на откажаното полетување за Виена, реализирани се полетувања за Белград, Дортмунд, Загреб, Брисел и Стокхолм, а ноќеска по полноќ пристигнале и авионите од Белград и Лондон. хс/ 07:34

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.