• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Во прекин сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка

Во прекин сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка

Куманово, 9 февруари 2017 (МИА) - Сообраќајот на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка е во прекин од 11.20 часот бидејќи се извлекува камионот влекач кој завчера утрото излета од патот и падна во провалија кај кумановското село Облавце, соопштија од АМСМ и потврдија од СВР Куманово.Камионот не беше извлечен вчера поради непристапниот терен и потребената механизација за да се извлече.

Камионот влекач „волво“ излетал од патот завчера во 8.30 часот откако поради влажниот коловоз изгубил контрола и паднал во провалија. Возачот на камионот В.К. добил телесни повреди, потврија од СВР Куманово.

Камионот, кој бил сопственост на кумановска компанија, превезувал текстил. Екипа од СВР Куманово и мобилна екипа од Царината завчера биле на местото на сообраќајката од каде текстилот бил претоварен и пренесен во Царинскиот терминал во Куманово. ам/хс/12:43

Фото: МИА архива

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.