Се асфалтира локалниот пат до штипското село Никоман

Се асфалтира локалниот пат до штипското село Никоман

Штип, 3 март 2017 (МИА) - Почна асфалтирањето на локалниот пат меѓу штипските села Шашаварлија и Никоман. Раководителот за Инспекциски надзор во општина Штип, Тоше Ѓорѓиевски денеска изјави дека патот е во должина од три километри, а инвестицијата од 13 милиони денари е на општината.

-Изведувач на градежните работи е „Коле транс инженеринг“ од Штип. Со ова општина Штип покажува дека им посветува внимание на руралните средини и со ова се исправа една 70 годишна неправда за овие населени места кои немале асфалтен пат и инфраструктура, рече Ѓорѓиевски.

Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов посочи дека со подобрувањето на временските услови во Штип почна и градежната сезона за изградба на голем број на инфраструктурни проекти.

-Знаете дека за цело време додека траеше зимата општината не мируваше, туку напротив се одвиваа тендерски постапки, со цел што побрзо и поефикасно општината да започне со асфалтирање на улици и локални патишта. Во оваа фаза и во наредните два месеци покрај изградбата на локалниот пат до село Никоман ќе се асфалтираат и други патишта од Плачковичкиот регион, додаде Ристов.

По завршувањето на овој пат ќе се асфалтираат и локалните патишта до Калапетровци, Почивало и Кошево. вдј/рп/12:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...