Намалена видливост на патот Тетово - Попова Шапка и на превојот Ѓавато

Намалена видливост на патот Тетово - Попова Шапка и на превојот Ѓавато

Скопје, 8 март 2017 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Поради појава на густа магла, намалена е видливоста на патниот правец Тетово - Попова Шапка, од 30 до 50 метри, како и на планинскиот превој Ѓавато - од 50 до 100 метри, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, а особено да се внимава на местата на кои се изведуваат работи на пат и возачите да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата - информација која се однесува за македонската страна на премините. хс/18:59

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...