Делегација од „Словенска пошта“ во посета на „Македонска пошта“

Делегација од „Словенска пошта“ во посета на „Македонска пошта“

Скопје, 17 март 2017 (МИА) - Претставници од „Словенска пошта“ и нејзината компанија ќерка  „ЕППС“, денеска престојуваат во официјална посета на „Македонска пошта“.

Делегацијата е предводена од генералниот директор на „ЕППС“ Вили Хриберник и заменикот генералниот директор на „ЕППС“ Моника Зајц.

Генералниот директор на „Македонска пошта“  Фаадис Реџепи на состанокот со словенечката делегација истакнал дека „Македонска пошта“ е отворена за соработка со други поштенски управи со цел на пазарот да се нудат нови услуги, се наведува во соопштението од „Македонска пошта“.

Гостите од Словенија, се наведува во соопштението од Кабинетот на генералниот директор на „Македонска пошта“, изразиле спремност за продлабочување на соработката меѓу двете поштенски управи, во насока на пренесување на искуства па се до заеднички настап со „Македонска пошта“ на македонскиот пазар и регионот за услуги кои се уште не ги нуди АД „Македонска пошта“-Скопје.

Двете страни, како што се наведува во соопштението, се согласиле во иднина работни групи од двете институции да ги анализариаат и операционализираат сите активности за меѓусебната деловна соработка на ниво на партнери. аа/скс/15:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...