• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

АД за стопанисување со станбен и деловен простор гради зграда со социјални станови во Струмица

АД за стопанисување со станбен и деловен простор гради зграда со социјални станови во Струмица

Струмица, 7 април 2017 (МИА) - До наредниот септември треба да биде готова зградата со социјални станови што во Струмица ја гради Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Увид во досегашниот тек на работите направи директорот на друштвото, Цветко Грозданов и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Грозданов очекува зградата да биде готова порано од предвиденото, а се гради согласно стандардите.

- Инвестицијата изнесува 75 милиони денари. Зградата ќе има 41 стан во просек по 46 метри квадратни. Четири станови на приземје ќе бидат наменети за инвалидизирани лица, поради што ќе имаат пошироки врати со специфичен начин на отворање, како и други специфики за нормално живеење на лица во инвалидска количка, рече Грозданов.

Акционерското друштво за петнаесетина дена треба да почне со избор на изведувач на социјална зграда и во Пробиштип, која ќе има 46 станови наменети за социјално ранливи категории граѓани, за што се наменети 80 милиони денари.

- Ваква зграда готова имаме во Кочани која е завршена уште во декември, ама не можеме да ја предадеме зошто се уште нема формирано влада. Во завршна фаза се социјалните згради во Гостивар, каде треба да биде готова за 7-8 месеци, а исто така пред крај е и зградата во Македонски Брод која е со помал обем од десетина станови, рече Грозданов.

Досега вакви социјални згради добиле Прилеп и Демир Хисар.

Цветков Струмица

- Имав можност да направам увид на она што сме го ветиле во изборната програма. Распределбата ќе биде софтверска, електронска, ќе биде исклучен човечкиот фактор за становите да ги добијат оние кои се во најтешка материјална положба најмногу го заслужуваат и најтешко може да дојдат до свое живеалиште, рече Груевски.

Додаде дека е задоволен што и покрај политичката криза, ветените проекти на Владата се реализираат.

- Ова е важно, бидејќи се трудиме и даваме се од себе и покрај оваа политичка криза повеќе од проектите да се одвиваат и да не запрат. Кризата си го прави своето и таа има влијание врз економијата и другите сегменти од општеството. Но, ние како политичка гарнитура се трудиме да ги продолжиме проектите во континуитет. Иако некаде имаме проблеми, имаме запирања, на многу места успеваме и под овие околности под кои СДСМ ја донесе државата и му го прави на народот, рече Груевски.

Игралиште Струмица

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски присуството во Струмица го искористи и за посета на новоотвореното игралишта во населеното место Костурино.

- Пред неколку месеци се пушти и игралиштето кое не беше ветено во програмата, но на барање на жителите е изградено, а ставени се и рефлектори. Тука во разговор на жителите разбрав дека ова игралиште е доста користено, додаде Груевски. кд/вј/18:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...