• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Еден повреден во сообраќајка меѓу автобус и товарно возило во Скопје

Еден повреден во сообраќајка меѓу автобус и товарно возило во Скопје

Скопје, 12 април 2017 (МИА) - Еден патник е повреден во сообраќајка што се случи денеска околу пладне, во близината на фабриката „ОХИС“ меѓу автобус на ЈСП Скопје со број 41 и товарно возило на ЈП „Комунална хигиена“. 

Патникот е пренесен со возило на Итна медицинска помош. 

Како што соопшти ЈСП Скопје, автобусот на претпријатието е со видна штета на странични стакла.

Службата за внатрешна контрола на ЈСП Скопје го предаде случајот на МВР за понатамошно постапување, соопшти ЈСП Скопје. мд/рп/16:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ