Двајца повредени во сообраќајката кај „ОХИС“

Двајца повредени во сообраќајката кај „ОХИС“

Скопје, 12 април 2017 (МИА) - Две лица се повредени во сообраќајка што се случи денеска околу пладне на улицата „Борис Трајковски“ во близината на фабриката „ОХИС“ меѓу автобус на ЈСП Скопје со број 41 и товарно возило на ЈП „Комунална хигиена“. 

Како што соопшти МВР, повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ каде им биле констатирани телесни повредени, им била укажана помош по што се пуштени на домашно лекување. 

Случајот во полиција во 12.27 часот го пријавил возачот на автобусот со скопски регистарски таблички. 

Како што соопшти ЈСП Скопје, автобусот на претпријатието има видно оштетени странични стакла. мд/рп/16:30

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ