• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Регионален натпревар „Детски семафор“ во Куманово

Регионален натпревар „Детски семафор“ во Куманово

Куманово, 10 мај 2017 (МИА)Секторот за превенција од СВР Куманово, во соработка со општинскиот сектор за сообраќај на безбедност на патишта, денеска, во основното училиште Толи Зордумис, организираа регионален натпревар, за основните и средните училишта од североисточниот регион.
 
Прво пласирана екипа во категорија на средни училишта е гиманзијата Гоце Делчев од Куманово, второ се Наце Буѓони а третото место припадна на средношколците од Киро Бурназ. Од основните училишта први се Браќа Миладиновци, втори Христијан Карпош и трети Толи Зордумис. Екипно најдобри се учениците од Браќа Миладиновци од основните и гимназијата Гоце Делчевод средните училишта. 
 
На натпреварот учествуваа основни и средни училишта од Куманово, Кратово и Крива Паланка. Најдобрите екипи од регионалниот натпревар ќе заминат на републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 20 овој месец во Скопје.
 
Надлежните од Секторот за превенција при СВР Куманово велат дека целта на ваквите натпревари е уште од најмала возраст да се научат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел безбедно учество во сообраќајот.
 
Марјан Павличек, самостоен испектор од отсекот за превенција вели дека учениците од средните училишта после изведување на компјутерскиот систем на терен покажуваат вештина во знаење возење на велосипед со помошен мотор и мопед во спроведување на сообраќајно техничка култура, додека пак осмооделенците покрај тестирање на компјутерски систем на полигон покажуваа вештини во возење на велоспиед. ам/бк/15:01

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ