• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Наскоро ќе почне изградбата на патиштата Штип - Радовиш и Ранковце - Крива Паланка

Наскоро ќе почне изградбата на патиштата  Штип - Радовиш и Ранковце - Крива Паланка

Крива Паланка, 11 мај 2017 (МИА) - За еден месец ќе почне изградбата на експресните патишта  Штип - Радовиш и Ранковце - Крива Паланка со што продолжува да се реализира ветувањето за изградба на шест вакви патни решенија во должина од 130 километри инвестиција од 200 милиони евра.

- Најавивме изградба на експресни патишта и дел од нив се речиси готови, дел се во градба, а дел треба да почнат за еден месец, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања при денешниот увид на реализацијата на проекти во Македонска Каменица, заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Речиси е готов, потенцира Груевски,  експресниот пат од Велес до Штип, со четири ленти, минатиот месец започна изградбата на експресниот пат помеѓу Кочани и Штип исто така со четири ленти. Стариот пат помеѓу Штип и Кочани останува, а оваа комплетно нова траса од 26 километри треба да заврши за година до година и половина. Во тек на градба е и патот од Градско до Прилеп исто така со четири лени, рече Груевски.

Тој потенцираше дека се внимавало сите експресни патишта што се градат да имаат стандарди на автопати затоа што се градат комплетно нови. - Освен патот Штип-Велес, којшто е проширување, останатите се нови траси и се трудиме да бидат согласно стандарди на автопат со исклучок на тоа што немаат шест туку четири ленти. Во некое догледно време, доколку има потреба и доволен број возила, да се прошират со шест ленти само ќе биде потребно проширување, а веќе стандардите за кривини, длабнатини или нагорници се согласно стандардите за автопати, појасни Груевски.

Покрај експресните, како што потенцираше, се реновираат или се градат 26 регионални патишта низ целата држава. Кај поголемиот дел се врши обнова, а кај дел со вадење асфалт, гребење и поставување комплетно нов, со одредени проширувања на некои места, поставување странични специјални работи за собирање вода.

- Има сериозна градежна експанзија во делот на патиштата, особено кај експресните и регионалните. Тоа е наше ветување пред граѓаните и ние до последен момент се додека имаме можност ќе направиме се што е во нашата можност да ги исполниме нашите ветувања тие да се движат со голема динамика, изјави Груевски. лв/паг/15:16

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...