Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци

Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци

Скопје, 8 јуни 2017 (МИА) - Споделување на искуства меѓу земјите од регионот од областа на катастарот и инфраструктурата на просторни податоци за воспоставување функционален катастар што треба да ја гарантира сопственоста, развојот на пазарот на недвижности, зголемениот број на трансакции и да го подобри урбанистичкото планирање и развојот на инфраструктурата и животната средина е целта на Дестеттата регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци што денеска и утре се одржува во Скопје.

На конференцијата на тема „Улогата на националните агенции за картографија и катастар, приватниот геодетски сектор, како и универзитетите во процесот на управување со геопросторните информации“ учествуваат катастрите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, Бугарија и Македонија, како и коморите на приватните геодетски фирми од земјите од Балканот.

- Споделувањето на искуствата меѓу земјите од регионот од областа на катастарот и на инфраструктурата на просторните податоци треба да резултира со воспоставување функционален катастар кој ќе ја гарантира сопственоста, развојот на пазарот на недвижностите и да придонесе за зголемување на бројот на трансакциите и подобрување на урбанистичкото планирање, како и да овозможи развој на инфраструктурата и животната средина со цел одржлив развој на општеството во целина, проача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на отворањето на конференцијата.

Тој посочи дека катастарот има големо значење за современиот начин на живеење и нагласи дека  неговите податоци служат за задоволување на многубројните потреби на стопанските, управните, статистичките, даночните и урбанистичките институции.

- Со изготвувањето на посебни евиденции на недвижностите за потребите на граѓаните, држваните органи, претпријатијата и другите правни лица, Агенцијата за катастар на недвижности доби значење на една од клучните државни институции во Република Македонија, рече Сугарески.

Потенцира дека новата Влада има намера да се занимава со сериозни и темелни реформи на катастарот. 

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески нагласи дека  благодарение на регионалната соработка на катастрите во изминативе 10 години се обезбеди можност за учење едни од други, како и за споделување на знаења и добри практики, воспоставување прекугранична соработка во областа на размената на податоци и сервиси од националните ГНСС-системи и заеднички настап пред меѓународните организаци и донаторската заедница.

- Како резултат на заедничката соработка ЕУ го финасираше проектот „Инспирација“ - Инфраструктура на просторни податоци во земјите од Западен Балкан, со цел  промоција и јакнење на капацитетите наземјите од Западен Балкан вопроцесот на имплементација на ИНСПИРЕ директивата. Потоа следеше ИМПУЛС проектот кој е финасиран од Шведската агенција за меѓународен развој и има зацел да го поддржи градењето накапацитетите нанационалните агенцииза катастар игеодезија во воспоставувањето на национална инфраструктура за просторни податоци итехничка интероперабилност помежу институциите од регионот, какои развој на услуги и сервиси за размена и споделување на геопросторните податоци межу земјите од регионот, рече Трпески.

Додаде дека од почетокот на годинава започна да се имплементира и регионалниот проект Spatial финасиран од Холандското министерство за надворешни работи во рамки на МАТРА претпристапната програма.

- Со овој проект се планира да им се помогне на земјите од Западен Балкан вопроцесот нахармонизирање и подобрување на пристапот до расположивите геопросторни информации, рече Трпески.

Директорот на Федералната управа за геодетско имотно-правни работи на БиХ, Жељко Радојчиќ посочи дека сите земи од регонот делат иста историја во секотор на земјишна администрација поради што, како што рече, имаат и слични проблеми.

- На регионалната конференција ќе размениме некои од нашите искуства и решенија, бидејќи е логично да имаме слични реченија ако имаме слични проблеми, истакна Радојчиќ.

Нагласи дека сите агенции за катастар од регионот се препознати како извор на квалитетни податоци за граѓаните.

Директорот на Дирекцијата за недвижности на Црна Гора, Драган Ковачевиќ, пак, потенцира дека Македонија има најдобар катастар во регионот и пошироко, поради што, како што кажа, сите катастри од регионот ги користеле македонските искуства и препораките што ги добивале од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија за да ја унапредат нивната дејност. 

На конференцијата се присутни и претставници од шведскиот, холандскиот и норвешкиот катастар, кои во изминатите 10 години континуирано го помагаат развојот на катастрите од регионот. вј/дма/12:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ