Пет сообраќајки во Скопје, повредени четири лица

Пет сообраќајки во Скопје, повредени четири лица

Скопје, 9 јуни 2017 (МИА) – Четири лица се полесно повредени во три од вкупно пет сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број прекршоци. Од нивна страна издадени се 11 прекршочни платни налози и 103 мандатни платни налози за сторени прекршоци од областа на сообраќајот.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 74 возила.гв/скс/09:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ