• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Протест на македонските работници ангажирани на автопатот Охрид - Кичево

Протест на македонските работници ангажирани на автопатот Охрид - Кичево

Охрид, 22 јуни 2017 (МИА) - Група од 144 работници од Македонија ангажирани од фирма-подизведувач за извршување градежни работи на автопатот Охрид-Кичево денеска протестираа поради, како што рекоа, низа неправилности кон нив како доцнење во исплатата на личните доходи и непридржување на работодавците кон потпишаните договорите за работа.

- Веќе доцни исплатата на платите за речиси два месеца. Честопати работодавецот ни закинува по 50, сто евра од договорените плати, без какво било образложение, без да ги знаеме причините за тоа, дали има некои грешки во нашето работење, рече Адем Мисоски од Струга.

Работниците се пожалија дека воопшто не знаат каде да се обратат за своите проблеми, забележувајќи дека никој не води грижа за нивна заштита согласно одредбите на потпишаните договорите.

- Каде е тука трудовата инспекција, ние не знаеме каде да провериме ни дали ни се уплатени и продонесите за пензиско и здравствено осигурување, рече Мисоски.

Васо Апостолоски од Кичево рече дека прво им било ветено дека на 16 јуни ќе им бидат исплатени заоцнетите плати, потоа на 21, за последниот рок да им е посочен 23 овој месец.

Тие најавија дека ќе продолжат со штрајкот се додека не им бидат исплатени сите заостанати приходи, притоа барајќи од СВр – Охрид да им обезбеди услови за штрајк со блокирање на сообрачајот на магистралниот патен правец Охрид – Кичево. аб/12:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...