Мото собир во Кавадарци

Мото собир во Кавадарци

Кавадарци, 24 јуни 2017 (МИА) - Мото собир се одржува викендов по втор пат во Кавадарци. Околу две ипол илјади учесници од Македонија и странство се очекуваат во месноста Моклиште близу кавадаречкото село Ваташа. Манифестацијата започна синоќа со учество на два рок бенда. Организатор е кавадаречкиот мото клуб Тиквеш рајдерс.

- Денешната агенда предвидува повеќе активности. Покрај вообичаените игри со награди, планирани се посети на Моклишкиот манастир и  новата црква Света Петка во Кавадарци, како и дефиле низ централното градско подрачје во 18 часот, информира претседателот на клубот Драган Петров.

Вечер на програмата е настапот на три рок бенда, од кои еден е грчки.

Петров нагласи дека престојот во камп зоната во Моклиште е бесплатен. Имаат поддршка од неколку локални компании од кавадаречкиот бизнис сектор.

- Да ја вратиме природата во таква состојба како што ја најдовме, е единствената активност во недела, додава Петров.сд/09:34

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...