РСБСП: Учесниците во сообраќајот да консумираат течности и да прават почести паузи

РСБСП: Учесниците во сообраќајот да консумираат течности и да прават почести паузи

Скопје, 28 јуни 2017 (МИА) - Возачите, велосипедистите и пешаците да избегнуваат патување во периодот од 12 до 16 часот, да  консумираат повеќе течности и да прават почести паузи, препорачува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради топлотниот бран кој ја зафати Република Македонија.

РСБСП препорачаува задолжително при влегување или излегување од возилото да се направи постепена аклиматизација и температурно прилагодување и постепена адаптација, бидејќи наглите промени на температурата можат да предизвикат здравствени проблеми кај возачите кои сериозно може да ја загрозат безбедноста во сообраќајот.

- Високите температури предизвикуваат пад на концентрацијата и дефокусираност, чувство на паника, несигурност и раздразливост кај возачите и останатите учесници во сообраќајот, а топлото време и високите температури го продолжуваат сопирачкиот пат на возилото, за што е неопходно е да се држи безбедно растојание меѓу возилата и да се почитуваат ограничувањата за брзината. Да не се вози слалом, да не се пристигнуваат колони со возила и пешаци, препорачуваат од РСБСП.

Од РСБПС апелираат возачите да покажат повисоко ниво на толеранција кон пешаците и велосипедистите, и во духот на сообраќајната култура и личниот бон тон, секој возач треба да има предвид дека пешаците и велосипедистите се тие кои се директно изложени на жешкото сонце

РСБСП ги потсетува возачите дека за безбедно и удобно учество во сообраќајот е задолжителна проверка на притисокот на гумите, проверка на течностите за разладување на моторот,  проверка на течностите за бришачите, клима уредот, акумулаторот и задолжително поголема количина на гориво во резервоарот. аа/са/12:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...