• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

„Македонска пошта“ набави нови возила

„Македонска пошта“ набави нови возила

Скопје, 28 јуни 2017 (МИА) - „Македонска пошта“ денеска соопшти дека се набавени 24 пикап возила и 3 фургони со носивост до 2.5 тони за потребите на компанијата.

- Оваа инвестиција е битна за извршување на технолошкиот процес во „Македонска пошта“ и претставува значително зголемување на капицитетите на компанијата. Со ова набавка ќе се подобри квалитетот на поштенските услуги, преку директното олеснување на фазата на транспорт на поштенските пратки, се вели во соопштението.

Од Македонска пошта посочуваат дека раководството останува посветено на постојано подобрување на квалитетот на услугите во интерес на граѓаните. бак/16:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.