РСБСП: Изморени не тргнувајте на пат, 20 проценти од смртните случаи се од замор

РСБСП: Изморени не тргнувајте на пат, 20 проценти од смртните случаи се од замор

Скопје, 7 јули 2017 (МИА) - Дваесет проценти од смртните случаи на патиштата се поради заморот на возачите, затоа од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира граѓаните добро да размислат пред да тргнат на пат, внимателно и на време да го планираат своето патување, да прават 15 минути пауза на секои два часа ефективно возење и да не тргнуваат на долго патување ако се чувствуватат изморени. 

Ако се почувствуваат изморено се препорачува да најдат соодветно и сигурно место за одмор, да направат кратка пауза и да консумираат кафе или друг кофеински производ во комбинација со освежителен пијалок или вода. 

- Единствен начин за справување со заморот е добро спиење. Ниту еден кофеински производ не може да го замени добриот сон пред тргнување на пат, соопшти РСБСП. 

Краткиот одмор, како што се наведува, значи малку подоцна, но безбедно и одговорно пристигнување онаму каде што сте тргнале. 

Според РСБСП, младите возачи спаѓаат во посебно ризична категорија учесници во сообраќајот и особено за нив, летото е најкритичен период кога е во прашање заморот и долгите патувања. мд/скс/10:52

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хит хумористична серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...