• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Препораки од РСБСП за млади возачи

Препораки од РСБСП за млади возачи

Скопје, 12 јули 2017 (МИА) - Возење со друштво и под одвлечено внимани, непотребното преземање ризик и нестрпливоста, како и брзото и под дејство на алкохол возење се најчестите грешки и предизвици за младите возачи, информира денеска Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Неискусниот млад возач не е во состојба брзо е ефикасно да препознае опасни ситуации во сообраќајот, затоа, како што информираат од РСБСП, е особено  важно младите возачи да бидат смирени, да ја намалат брзината и максимално да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.

Според РСБСП статистиката покажува дека младите возачи почесто страдаат во сообраќајни незгоди предизвикани од возење под одвлечено внимание, што значи дека младите повеќе користат мобилен телефон, пишуваат пораки, консумираат храна, го подесуваат радиото, ја следат непосредната околина, прават козметичко средување, односно извршуваат голем број паралелни активности за време на возењето. Дополнително младите возачи спаѓаат во групата возачи кои најмалку користат безбедносен појас.

РСБСП, исто така, предупредуваат дека младите возачи треба да внимаваат при управување со погрешен автомобил, бидејќи моќен автомобил со високи перформанси значи и поголем ризик да се подлегне на притисокот од околината, значи ризик за брзо и неодговорно учество во сообраќајот, значи ризик да се загуби контролата над автомобилот и контролата на самиот себе, а со тоа и да се загрози сопствениот живот или животот на некој друг. аа/10:39

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...