Средба на претставници на албанските партии за точки од Декларацијата

Средба на претставници на албанските партии за точки од Декларацијата

Скопје, 19 јули 2017 (МИА) - Во Собранието на Република Македонија денеска се одржа средба на претставници на партиите на Албанците на која, како што изјави пратеникот Весел Мемеди од НДП, се разговарало за потребата за донесување на законот за албански јазик, за имплементацијата на точките од Декларацијата на Албанците, за разговорите што Македонија ги има со Грција за името и за најавениот договор за добрососедство со Бугарија.  

- Потребата за донесување на законот за албанскиот јазик е усогласена. Паралелно сите овие работи ќе одат на Венецијанската комисија и ќе бидат на дневен ред во Собранието. Очекуваме Венецијанската комисија да донесе многу бргу правен совет за законот за албанскиот јазик, рече Мемеди. 

Оцени дека динамиката на имплементацијата на точките од Декларацијата на Албанците од страна на Владата оди добро. - Мислам дека сите точки ќе бидат прифатени од ова Собрание, изјави Мемеди.  

Според него, разрешувањето на спорот за името со Грција треба да почне што поскоро за Македонија да стане членка во ЕУ и НАТО и преговорите да течат паралелно. Сите партии од албанскиот блок, исто така, како што кажа, го поддржуваат потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија. 
 
Следната недела ќе се одржи уште една ваква средба, на покана на Гзим Острени од Унитети. 

На средбата присуствуваа лидерот на ДУИ Али Ахмети и Садула Дураку, Луан Треси и Бардил Даути од ДПА, Гзим Острени од Унитети, Сурија Рашити од ДР -ДПА, како и Весел Мемеди од НДП, на чија иницијатива се организира состанокот.  Претставник на Беса не присуствуваше на разговорите, а пратеникот Фадиљ Зендели од оваа партија изјави дека за нив поканата не била искрена и без конкретна агенда, а ја свикал човек во служба на ДУИ.  ев/паг/16:04

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...