• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

На граничните премини задржувања од 15 до 30 минути

На граничните премини задржувања од 15 до 30 минути

Скопје, 5 август 2017 (МИА) - На граничните премини на македонска страна има задржувања од 15 до 30 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ потсетува дека од 3-ти до 12 август 2017 на регионалниот пат Р106, патен правец Градско - Прилеп од 28 до 45 км ќе има градежни активности - замена на еластична ограда.

Се препорачува учесниците во сообраќајот да ја почитуват поставената сигнализација за работа на пат и внимателно да управуват со своите возила. хс/13:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.