• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Сертификат од ИКАО за директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Сертификат од ИКАО за директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Скопје, 8 септември 2017 (МИА) - Првиот човек на Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) Олимујива Алиу денеска во Скопје на директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија Горан Јандреоски му врачи сертификат „Претседател на Советот на ИКАО”.

Сертификатот преставува највисоко признание за Република Македонија, како земја членка од регионите на ИКАО, кои што имаат постигнато значителен прогрес во подобрувањето на ефективната имплементација на стандардите и препорачаните практики на оваа меѓународна организација, се вели во соопштението од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Претседателот на Советот на ИКАО Алиу им честита на Агенцијата за цивилно воздухопловство и Владата на Република Македонија за постигнатите резултати во цивилното воздухопловство.

Сертификат се издава еднаш годишно, на земјите членки на ИКАО, кои што имаат значаен напредок во сферата на безбедноста на цивилното воздухопловство, со цел да им се оддаде признание за земјите, кои што ги исполниле поставените критериуми во претходната година. аа/паг/12:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ