Времена измена на сообраќајот на патот Кичево - Охрид

Времена измена на сообраќајот на патот Кичево - Охрид

Скопје, 19 септември 2017 (МИА) - Времена измена на сообраќајот утре се воведува на магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид, од Пресека до Песочан.

Како што соопштија од Македонија пат, времената измена ќе се одвива со девијација, односно со преминување од една коловозна лента во друга за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Овој режим на сообраќај ќе трае до завршувањето на градежните работите. бк/14:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ