• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Повредени две лица во вкупно шест сообраќајки вчера во Скопје

Повредени две лица во вкупно шест сообраќајки вчера во Скопје

Скопје, 28 септември 2017 (МИА) – Две лица се потешко повредени во две од вкупно шест сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една со полесни повреди се здобиле две лица, а во три е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои 21 возач кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, како и 19 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 38 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и 36 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети се 83 возила.

Денеска ќе се одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќај“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците во четврто одделение во ООУ „Кирил и Методиј“, кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар. гв/аа/09:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...