Предизвици и реформи пред македонската и хрватската пошта

Предизвици и реформи пред македонската и хрватската пошта

Скопје, 17 октомври 2017 (МИА)Делегација на Хрватска пошта предводена од генералниот директор Иван Чуло денеска ја посети Македонска пошта. 

За време на средбата, како што соопштија од Македоска пошта, биле разменети мислења за предизвиците со кои се соочуваат двете пошти, а се разговарало и за реформите кои се спроведени во Хрватска пошта во последните години.

Фаадис Реџепи - директор на Македонска пошта и Иван Чуло - директор на Хрватска пошта, изразиле подготвеност за продлабочување на меѓусебната соработка и за реализирање на заеднички проекти во интерес на двете поштенски управи и нивните корисници.  сст/сд/15:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ