• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Еден загинат и еден повреден во сообраќајка на патот Битола - Прилеп

Еден загинат и еден повреден во сообраќајка на патот Битола - Прилеп

Битола, 23 октомври 2017 (МИА) - Осумнаесет годишната битолчанка К.Ј. го загуби животот, а сопатничката М.К.О. (38) е пренесена во битолската Клиничка болница по денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот патен правец Битола-Прилеп.

Лефтерија Миленковска, портпарол на СВР-Битола информира дека сообраќајката се случила претпладнево во 11:25 часот во непосредна близина на селото Тополчани кога патничко моторно возило со битолски регистарски таблици „Фиат Брава“ излетало од патот.

- Во возилото биле две женски лица. Возилото било управувано од М.К.О. која по несреќата е пренесена во Битолската клиничка болница, додека нејзината сопатничка К.Ј. починала на местото на несреќата. Увидот на полициски служби од Полициската станица-Прилеп е во тек, а заедно со нив увид врши и јавен обвинител, потврди Миленковска. 

Поради сообраќајката, сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Битола кај с.Тополчани од 11:30 часот се пренасочува по стариот пат,  информира АМСМ. На правецот Битола-Прилеп, пак, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Детали за сообраќајката не се соопштени. мт/вг/13:25

 

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...