Во прекин сообраќајот за товарни возила на граничниот премин Делчево

Во прекин сообраќајот за товарни возила на граничниот премин Делчево

Скопје, 24 октомври 2017 (МИА) - Автомотосојузот на Македонија утрово соопшти дека на граничниот премин Делчево поради проблем со компјутерски систем на царината, во прекин е сообраќајот за товарни возила за влез и за излез од државата.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата - информација што се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.  Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. хс/07:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.