Жена повредена во сообраќајка кај Страцин

Жена повредена во сообраќајка кај Страцин

Кратово, 29 октомври 2017 (МИА) - На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, синоќа се случи сообраќајна несреќа во која е повредена 50-годишна жена од Скопје, сопатник во возилото.

Според информации од Министерството за внатрешни работи, во 18 часот и 15 минути возило марка „шевролет каптива“ управувано од Р.Н., роден 1970 година, кое се движело од село Страцин кон Крива Паланка, удрил во крава со предната лева страна на возилото, при што ја усмртил на лице место.

Незгодата се случила во момент кога сопственикот преминувал со кравите преку магистралата кај местото викано Чатал, автомобилот удрил во животното и го усмртил, а при ударот со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото, З.Н., од Скопје, родена 1967 година.

Со возило на брза помош жената била пренесена во кумановската болница, каде биле констатирани лесни телесни повреди и е укажана лекарска помош. ид/нд/12:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.