Две лица полесно повредени во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Росоман

Две лица полесно повредени во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Росоман

Велес, 31 октомври 2017 (МИА) - Две лица се полесно повредени во вчерашниот судар на товарно моторно возило со два автобуса на регионалниот пат Кавадарци - Росоман.

Несреќата се случила кога товарно моторно возило „Форд транзит“, со скопски регистерски таблички се судрил со два автобуса, едниот марка „Сетра“, а другиот „Мерцедес“, двата со кавадаречки регистерски таблички. 

Товарното моторно возило било управувано од А.А. (32) од Скопје, првиот автобус од С.И. (42), а вториот од Б.Р. (36). Автобусот „мерцедес“ е во сопственост на „Екстра бус“ ДООЕЛ.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски изјави дека несреќата се случила поради недржење безбедно растојание до друго возило од страна на возачите.

Од незгодата со телесни повреди се здобиле лицата А.Н.(35) и Л.Б.(32) и двете од Велес.

Во несреќата причинета е материјална штета на возилата.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа. ад/ац/14:10

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...