Нормализиран сообраќајот на патниот правец Дебар - Маврово

Нормализиран сообраќајот на патниот правец  Дебар - Маврово

Скопје, 8 ноември 2017 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец Дебар - Маврово вечерва е нормализиран, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на овој патен правец беше најпрво прекинат во двата правца, од 15.40 часот, а од 19 часот се одвиваше со наизменично пропуштање на возилата.

Според информациите на СВР Тетово,  пред 16 часот патничко моторно возило мерцедес со тетовски регистарски ознаки управувано од Ј.Џ (46) од Голема Речица се судрило со товарно возило МАН управувано од М.Б (43) од село Челопек. 

Покрај возачот на мерцедесот, во несреќата се повредени и неговата сопруга Е.Џ (36) и четири деца кои биле во автомобилот. Тие се префрлени на скопските клиники. хс/сст/21:32

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...