• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Вајгл во Скопје на средби Џафери и партиските координатори (ДПЛ))

Вајгл во Скопје на средби Џафери и партиските координатори (ДПЛ))

Скопје, 9 ноември 2017 (МИА)Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, денеска престојува во Скопје на средби со претставници на парламентарните групи во македонското Собрание.

Вајгл, како што најави собраниската прес-служба, денеска ќе се сретне со претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, и со координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и на БЕСА, Африм Гаши, како и со Мерал Узеири Ферати од ДПА.

Гостинот од ЕП, утре претпладне, во македонскиот Парламент има средби со координаторот на СДСМ Томислав Тунтев, на ДУИ Ејуп Алими, со Сурија Рушиди од Алијанса на Албанците.

Европратеникот Вајгл во Скопје ќе има состанок и со експерти на ЕУ за заеднички проект на ЕП и Собранието на Македонија.

Предвидено е на крајот од средбите во македонскиот Парламент европратеникот Вајгл да даде изјава за медиумите. ев/сд/13:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...