• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Магла на Стража и Плетвар, девијација на патот Делчево-М. Каменица

Магла на Стража и Плетвар, девијација на патот Делчево-М. Каменица

Скопје, 3 декември 2017 (МИА) - Намалена видливост поради магла од 30 до 50 метри утрово е забележана планинските превои Плетвар и Стража. На магистралниот пат Делчево – М.Каменица има свлечиште, а сообраќајот се одвива по направена девијација.

Од ЈП Македонија пат информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно пo влажни коловози, а наместа во земјата има врнежи од слаб дожд.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Нивни дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. бк/08:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ