Сообраќајот по влажни коловози, на повисоките места снег

Сообраќајот по влажни коловози, на повисоките места снег

Скопје, 10 декември 2017 (МИА) - Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози, а на некои од повисоките места во западните и југозападните делови од државата има остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Охрид, Струга, Крушево, Штип, Делчево, Железнец и на планинските превои Буково, Ѓавато и Пресека. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража. Од АМСМ потсетуваат дека задолжително е поседување на зимска опрема во возилата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. рп/08:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ