Намалена видливост на патниот правец Тетово - село Гајре и на превојот Стража

Намалена видливост на патниот правец Тетово - село Гајре и на превојот Стража

Скопје, 10 јануари 2018 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – село Гајре и од 80 до 100 метри на планинскиот превој Стража. 

ЈП Македонијапат соопшти дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. хс/ац/18:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ