• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Поради сообраќајка во прекин патот Куманово-Липково, магла на дел од патиштата

Поради сообраќајка во прекин патот Куманово-Липково, магла на дел од патиштата

Скопје, 12 јануари 2018 (МИА) - Поради сообраќајна незгода во прекин е сообраќајот на регионалниот патен правец  Куманово-Липково на мостот кај Отља, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива  по влажни коловози. Снег со слаб интинзитет провејува на Маврово и Попова Шапка кој не се задржува на коловозот.

Намалена видливост поради магла има на патни правци од 50 до 150 метри Лисец - Попова Шапка, Маврово, Стража,  Ѓавато и Плетвар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. лв/мд/17:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...