Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег на Шапка, Маврово и Стража

Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег на Шапка, Маврово и Стража

Скопје, 13 јануари 2018 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интинзитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Стража кој не се задржува на коловозот.

Намалена видливост поради магла од 50-150м. има на патните правци Лисец - Попова Шапка , Крак-Мавро, Ѓавато, Крушево, Плетвар и Струмица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ