• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Сообраќајот по влажни коловози, на Попова Шапка врнежи од снег

Сообраќајот по влажни коловози, на Попова Шапка врнежи од снег

Скопје, 3 февруари 2018 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Во јужните делови од државата коловозите се претежно суви, соопшти ЈП Македонијапат. 

На Попова Шапка се бележат врнежи од снег кој наместа се задржува на коловозот, но во моментов снегот не го попречува одвивањето на сообраќајот. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. хс/вг/18:21

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ