Нормализиран сообраќајот на локалниот пат Стровија-Црнилишта

Нормализиран сообраќајот на локалниот пат Стровија-Црнилишта

Прилеп, 11 февруари 2018 (МИА) - Нормализиран е сообраќајот на локалниот пат меѓу селата Стровија и Црнилишта, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). 

- Вечерва е оспособен патот до селото Стровија во општина Долнени, информира градоначалникот Џемил Ќамили. 

Саниран е асфалтиот пат кој денеска поради дождовите беше пресечен на 400 метри пред селото. Со тоа околу 150 посетители во Стровија конечно со своите автомобили можеа да го поминат патот.

- Поради дождовите беа однесени одводните цевки кои беа поставени под асфалтот кој беше пресечен за околу два метра. Денеска механизадијата работеше непрекинато за да се оспособи патот, рече Ќамили.

Поради прекин на патот околу 150 посетитеи на манастирот „Света Недела“ во селото Стровија не можеа да се вратат со своите автомобили. ем/мд/19:00

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ