• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Прооден патот Маврово-Дебар, сообраќајот се одвива наизменично

Прооден патот Маврово-Дебар, сообраќајот се одвива наизменично

Mаврово, 14 февруари 2018 (МИА) - Механизираните екипи кои од изутрината работеа на расчистување, успеаа да отстранат дел од наносот од лавината на коловозот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски за МИА потврди дека сообраќајот од 12 часот, на делницата каде што паднаа лавините се одвива успорено и назименично. Куртовски изрази оптимизам дека во текот на денот состојбата ќе се нормализира.

Изминативе 24 часа во близина на Бигорскиот манастир имаше две лавини кои предизвикаа прекин на сообраќајот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Снежните врнежи предизвикаа и оштетување на електричните водови поради што во мавровско-реканскиот крај од вчера има прекин во снабдувањето со електрична енергија. згм/рп/12:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ