• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Намалена видливост поради магла на патот од село Лисец до Попова Шапка

Намалена видливост поради магла на патот од село Лисец до Попова Шапка

Скопје, 1 март 2018 (МИА) - Намалена видливост од 50 до 60 метри поради магла има на патниот правец од селото Лисец до Попова Шапка, информира ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Се уште трае забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. 

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Посочуваат дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. рп/вј/18:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ