• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Превртен камион на автопатот Скопје - Гевгелија кај Стоби

Превртен камион  на автопатот Скопје - Гевгелија кај Стоби

Неготино, 11 март 2018 (МИА) - Камион се превртел на автопатот Скопје -Гевгелија кај Стоби, при што зафатил по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје, и кон Гевгелија.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за МИА информира дека неготинска полициска екипа е на терен и во тек е увидот на местото на настанот.

Од МВР информираат дека камионот се превртел оти му пукнала гума, а возачот бил со лесни повреди.свд/хс/14:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ