• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Патот од Сопиште до Центар преку Водно во употреба до крајот на јуни

Патот од Сопиште до Центар преку Водно во употреба до крајот на јуни

Скопје, 29 март 2018 (МИА) - Регионалниот пат од Сопиште преку Водно до центар е комплетно завршен и се очекува да биде пуштен во употреба на крајот од првата половина на годинава, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на прашање од пратеникот Далибор Богдановски од СДСМ.

Во врска со рехабилитацијата на патните правци министерот рече дека во 2017 година таа е извршена на делниците Припор до Сопиште и Сопиште до Говрлево.

На делницата од Сопиште до Долно Соње не е извршена рехабилитација поради изградбата на водоводната мрежа, рече Сугарески и појасни дека по нејзиното завршување ЈП за државни патишта ќе предвиди средства за тој регионален пат.

- Во однос на изградбата на Сончев град проектот за изградбата на населбата е во надлежност на општината Сопиште, додаде министерот Сугарески. рп/сд/15:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ