• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Сообраќајот по влажни коловози, на патот Макази - Маркова нога се вози по една лента

Сообраќајот по влажни коловози, на патот Макази - Маркова нога се вози по една лента

Скопје, 7 април 2018 (МИА) - На патниот правец Макази - г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. мд/нд/08:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ